ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на Референт во Служба за производи и поддршка на продажбата во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата.   

Дел од работните задачи на референт во Службата за производи и поддршка на продажбата се следните:

·       

  • Постапува со кредитните апликации што ги доставуваат клиентите – физички лица преку алтернативните канали на продажба (наменски потрошувачки кредит преку трговци);
  • Ги оценува кредитните предлози и дава кредитни мислења / препораки, исто така учествува на седниците за соодветната кредитна комисија;
  • Ги развива и проширува продажните канали за производите и услугите за население преку градење блиски и продуктивни соработки со експозитурите, клиентите и трети страни (трговци);
  • Учествува активно во активностите кои вклучуваат работа со трговци, комуникација со корпорации и сл.

 

Избраниот кандидат треба да поседува:

 

·             Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство

·             Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

·             Високо ниво на комуникациски вештини

·             Добри аналитички вештини

·             Флексибилност

·             Иницијативност

·             Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на банката

·             Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за референт во Служба за производи и поддршка на продажбата најдоцна до 20.09.2024 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

 

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата  privacy@silkroadbank.com.mk

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.