Правни лица > Платежни услуги во земјата

Платежни услуги во земјата

Платежни услуги во земјата



Силк Роуд Банка АД Скопје обезбедува сигурена, брза и ефикасна платежна услуга на сите учесници во платежниот промет - клиенти на Банката и овозможува извршување на денарски платежни трансакции.

Силк Роуд Банка АД Скопје, како носител на платежнитe услуги, кредитниот трансфер во денари ги извршува преку:
  • интерна платежена услуга (безготовински кредитен трансфер помеѓу клиентите на Банката и помеѓу клиентите и Банката, како и уплати и исплати на готовина); и
  • екстерна односно меѓубанкарска платежна услуга (безготовински кредитен трансфер помеѓу клиентите на различни банки).
Меѓубанкарската платежна услуга се извршува преку два система на порамнување:
  • МИПС - Македонски интербанкарски платежен систем кој се користи за извршување на итни кредитни трансфери и кредитни трансфери над МКД 1.000.000,00; и
  • КИБС - Клириншки интербанкарски систем кој се користи за извршување на кредитен трансфер до и еднакви на МКД 1.000.000,00.
Учесникот на платежните услуги може да има:
  • платежна денарски сметки кај повеќе носители на платежниот систем; и
  • повеќе платежни денарски сметки кај еден носител на платежниот систем.
Термински план
Опис на услугата на Банката Прием на налог
Уплата/исплата од сметка од 08.30 до 16.00 часот
Извршување на интерни налози од 08.30 до 16.30 часот
Извршување на налози преку КИБС од 08.30 до 14.00 часот
Извршување на налози преку МИПС од 08.30 до 16.00 часот

Отворање на денарска платежна сметка
Отворање на сметки на домашни правни лица и на домашни физички лица кои вршат регистрирана дејност се врши врз основа на следната документација:
  1. Решение за упис во трговскиот регистар, односно во регистар на надлежен орган на РМ (ако уписот во регистар е пропишан со закон)
  2. Акт од надлежен орган за основање (ако учесникот не е запишан во регистар).
  3. Извод од законот (ако учесникот е основан согласно закон).
  4. Решение од надлежен суд за отворање на стечајна или ликвидациска постапка.
  5. Пријава на овластени потписници за располагање со средствата на сметката, со потпис и печат со кои ќе се заверуваат платните инструменти и лична исправа на лицето кое се овластува (ЗП образец).
  6. Изјава за прифаќање и реализација на акцептни налози издадени заклучно со 30 јуни 2001 година (за лица кои обавувале дејност пред 2002 година), и
  7. Доказ дека сметката е пренесена од Министерството за финансии - Управа за јавни приходи (за лица кои не мигрирале во 2001 година од ЗПП).


Документацијата се доставува во Банката во оригинал или копија заверена на нотар за проверка на податоците, по што Банката задржува копија од документите и ги чува трајно во својата архива.

Банката задржува и копија од личните карти на управителот и потписниците на сметката. При отворање втора или секоја наредна сметка, клиентот на Банката ги поднесува документите за отворање сметка само во случај кога има промена на истите.

Заедно со горенаведените документи, учесникот во платeжната услуга потпишува во Банката и: По потпишувањето на договорот од двете страни, новата отворена сметка се активира и преку истата може да се извршува платен промет откако ќе се пријави во единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС).

Учесникот во платниот промет е должен писмено да ја извести Банката за сите настанати статусни и други промени најдоцна во рок од три дена од денот на настанатите промени.


Барање
Апликација за овластени потписници
Апликација за идентификација и ажурирање

Извршување на кредитен трансфер
Кредитните трансфери се извршуваат од сметката на клиентот до висината на покритието на неговата сметка во моментот на спроведувањето на платежниот инструмент. Клиентот може да одреди приоритет на извршување на платежните инструменти што ги доставува во Банката за извршување.
Платежниот инструмент задолжително е потпишан од страна на овластените потписници на сметката, согласно Пријавата на овластени лица за располагање со средствата на сметката.

Безготовинските кредитни трансфети се извршуваат со доставување:
  • на шалтерите на Банката, за платни инструменти во хартиена форма
  • преку електронско банкарство.


Видови на платежни инструменти
Платежните инструмент претставува однапред утврден образец со единствена форма и содржина.
  • уплатница - образец ПП10
  • налог за исплата на готовина - образец ПП40
  • уплатница за исплата на готовина - образец ПП41
  • налог за пренос - образец ПП30
  • збирен налог за пренос - образец ПП31 (на товар на еден налогодавач во полза на еден примач по повеќе основи)
  • збирен налог за пренос - образец ПП32 (на товар на еден налогодавач во полза на повеќе примачи)
  • налог за плаќање на јавни приходи - образец ПП50
  • збирен налог за кредитен трансфер на плата на товар на сметка на еден налогодавач во полза на повеќе примачи - образец ПП53.

Користење на приливи
Сите приливи на сметките на клиентите на Банката можат да се користат веднаш по нивното пристигнување.
Приливите можат да бидат:
  • интерни приливи (од сметка на депонент или од сметка на Банката)
  • приливи преку КИБС или МИПС (приливи од други банки или институции).


Интерните приливи и приливи преку МИПС пристигнуваат во текот на целиот работен ден и се на располагање веднаш по нивното пристигнување. Приливите преку КИБС пристигнуваат по завршување на порамнувањето (по 15:00 часот).

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.