Физички лица > Депозити > Инвестициски депозит

Депозити

Откриjте ги депозитите кои ги нуди нашата банка


Инвестициски депозит на Силк Роуд Банка 



Инвестициски депозит е комбиниран производ кој се состои од орочен депозит во банка и купени удели во отворениот инвестициски фонд НЛБ Топ Брендови, управуван од страна на НЛБ Фондови АД Скопје.
Половина од средствата клиентот ги орочува во банка како депозит, а со другата половина од средствата купува удели во Фондот. Уплатата во фондот се врши исклучиво безготовински. На веќе орочен депозит не се можни дополнителни уплати.   

Износ:
  • Минимален износ 6.000 МКД / 100 ЕУР



Валута:
  • МКД
  • ЕУР



Рок на орочување:
  • 25 месеци
  • 36 месеци
Каматна стапка:
  • Фиксни каматни стапки
  • Без можност за автоматско преорочување
Депозити во МКД
Рок на орочување Каматна стапка* Бонус на камата**Вкупна каматна стапка
25 месеци 1,90%1,30%3,20%
36 месеци 2,40%1,30%3,70%
Депозити во ЕУР
Рок на орочување Каматна стапка* Бонус на камата**Вкупна каматна стапка
25 месеци 1,60%1,30%2,90%
36 месеци 1,90%1,30%3,20%
* Каматните стапки се на годишно ниво
** Бонус на камата 1,30% годишно фиксно на орочениот износ
-Бонус на камата 1,30% годишно фиксно на орочениот износ – депозит во Банката (се исплатува од страна на Фондот кон Банката и Банката е должна да ги исплати средствата на Инвеститорот – клиентот по доспевање на депозитот).

Предвремено раскинување на договорот

Предвремено повлекување на депозитот пред истекот на договорениот рок на орочување (предвремено разорочување) е можно со писмено барање на клиентот во Банката или со поднесување на Барање за откуп на удели во Друштвото. На клиентот му се пресметува камата со примена на каматна стапка по видување, за периодот од датумот на орочување до датумот на повлекување на депозитот.

Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозит клиентот не остварува право на бонус на каматната стапка.

Договорот за депозит со клиентот престанува да важи по истекот на договорениот рок за орочување, по што средствата од орочениот депозит и уплатата во Фондот се исплаќаат на сметката на клиентот во банката.

Доспевање на депозит

При редовно доспевање на депозитот средствата од орочениот депозит во Банката заедно со бонус каматата ќе се исплатат на платежната сметка на клиентот, додека за средствата уплатени во Друштвото клиентот може да одлучи дали ќе му останат во Фондот или ќе му се исплатат на платежна сметка.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.