Физички лица > Депозити > Орочен депозит 25

Депозити

Откриjте ги депозитите кои ги нуди нашата банка


25 месеци депозитот е наменет за поединци кои би сакале да имаат постојан прилив на приход од нивите заштеди без да го намалат својот капитал на подолг рок. Производот е достапен во ЕУР и МКД за резиденти и нерезиденти.

25 месеци депозитот е орочен депозит, со опција за клиентот да одбере месечна исплата на камата или камата на крајот на периодот на орочување.

Искористете ги поволните каматни стапки и добијте:
- за постоечки депозити до 31.08.2022

камата на крај на период на орочување *месечна исплата на камата *
MKD1,50% (НРКС+0,48%)1,40% (НРКС+0,38%)
EUR1,175% (6 месечен еурибор+0,95%)1,025% (6 месечен еурибор+0,80%)
- за депозити од 01.09.2022

камата на крај на период на орочување месечна исплата на камата 
MKD1,65% 
1,60% 
EUR0,90% 0,80% 
Во случај на орочен депозит со месечна исплата на камата, доспеаната камата се депонира на трансакциската сметка на клиентот секој месец за времетраењето на орочувањето.

Во случај на орочен депозит со камата на крај на период на орочување, каматата се депонира на трансакциската сметка на клиентот на денот на доспевање на орочениот депозит.


Минимален износ за орочување е ЕУР 250/МКД 15,000. Каматните стапки се фиксни.

Производите обележани со (*) се суспендирани, каматните стапки се валидни само за постоечките орочени депозити.
Национална референтна каматна стапка (НРКС) која се користи во формирање на променливата каматна стапка на депозитите во МКД се објавува на веб страната на НБРСМ под називот “каматни стапки на денарски депозити без девизна клаузула”. Усогласувањето на каматната стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1.1 и на 1.7 секоја година врз основа последно објавената за периодот кој претходи. 
За депозити во ЕУР со променлива каматна стапка како референтна каматна стапка се користи 6 (шестмесечен) ЕУРИБОР. Усогласувањето на каматната стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1.1 и на 1.7 секоја година согласно стапката на 6 (шестмесечниот) ЕУРИБОР кој што е важечки на последниот работен ден од претходното полугодие. 6 месечен ЕУРИБОР во моментот изнесува 3,930.
Банката го задржува правото да ги менува условите без претходна најава

.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.