Правни лица > EaSI

EaSI

Европска Унија и Европскиот Инвестициски Фонд одобрија втора мултилатерална кредитна линија за Силк Роуд Банка 
на износ од 5 милиони евра 

•5 милиони евра за поддршка на микро-претпријатија и старт ап компании во рамките на Програмата за вработување и социјална иновација на Европската унија (EaSI) 
•Гаранциите обезбедени од ЕУ ќе и овозможат на Силк Роуд Банка АД Скопје да понуди производи за микрофинансирање по поповолни услови за микро претпријатија 
•Овој договор ќе поддржи закрепнување на приватниот сектор, развој на старт ап компании и нови вработувања во Северна Македонија

По успешна и темелна анализа од страна на Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), овие две мултилатерални институции со седиште во Луксембург дадоа сериозна доверба на менаџментот и деловниот модел на работење на Силк Роуд Банка, како и на единствениот швајцарски акционер на Банката во нивниот професионален пристап и корпоративно управување. 

Банката е почестена од оваа поддршката искажана од страна на овие две институции и има интенција да стане една од водечките банки во овој домен. 

Благодарение на EaSI гаранцијата, финансирана од Европската Унија и имплементирана во нејзино име од страна на Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), Силк Роуд Банка АД Скопје ќе има можност да пласира вкупно 5 милиони евра микрокредити, наменети за микро претпријатија во Северна Македонија. Оваа можност Силк Роуд Банка ја добива откако успешно ги помина сите фази и услови барани од ЕИФ, а при тоа имајќи го во предвид и досегашното позитивно искуство со првата кредитна линија наменета за финансирање на иновативни проекти и веќе поспоставената доверба меѓу банката и фондот. Кредитите според овој договор ќе бидат достапни за компании со максимум 9 вработени. Годишниот обрт на компанијата не треба да надминува повеќе од 2 милиони евра. 

Средствата се издвојуваат од буџетот на Европска Унија наменет за Програмата за Вработување и Социјална иновација („EaSI“), чија намена е поддршка на целта на ЕУ за квалитетни вработувања, соодветна социјална заштита, борба против социјалната нееднаквост и сиромаштијата, како и подобрување на условите за работа. EaSI Програмата, која во фокусот ги има микрофинансирањето и социјалното претприемништво, обезбедува поддршка за финансиски посредници кои нудат микро кредити за претприемачи или финансирање на социјално ориентирани претпријатија. Целта е да се зголеми пристапот до микрофинансирање, преку микро кредити во вредност до 25.000 евра, наменети за ранливите категории на граѓани и микро претпријатија. 

Имајќи го предвид наведеното, Силк Роуд Банка создаде пакет производи Bizz UP наменет за финансирање на ранливи категории клиенти, како и за старт ап компании и компании во фаза на развој, со оперативна историја на работење до 36 месеци. Со потпишувањето на Договорот за соработка со Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ), Силк Роуд Банка како финансиски посредник ќе поддржи финансирање на овие категории на клиенти на домашен пазар, преку средствата од Програмата за вработување и социјална иновација (EaSI), финансирана директно од Европската унија. 
Пакетот Bizz UP се состои од неколку производи за микрофинансирање, и тоа: 
- дозволено пречекорување на сметка, 
- кредити за обртни средства, и 
- кредити за инвестиции. 

Ален Годард, извршен директор на ЕИФ, изјави: „Среќни сме што можеме да обезбедиме ваков вид на поддршка за приватниот сектор на земјите од западен Балкан, особено за микро-претпријатија и старт ап компании кои многу често се соочуваат со значителни потешкотии во пристапот до финансиски средства и се најтешко погодени од пандемијата. Гаранциите поддржани од ЕУ ќе и овозможат на Силк Роуд Банка да понуди кредити под поповолни услови за потребите на компаниите за обртни средства или потребите за дополнителни инвестиции. На овој начин, всушност ние им помагаме на компаниите да ја одржат својата ликвидност, да ги задржат постојните работни места и секако да создаваат нови можности за вработување на подолг рок.“ 

„Силк Роуд Банка во екот на пандемијата на Ковид19 го воведува пакетот на производи Bizz UP специјално наменет за поддршка на ранливи категории клиенти, како и за микро-претпријатија во старт ап или развојна фаза, со финансиска поддршка на износи до 25.000 евра, со привилегирани каматни стапки во споредба со редовните и поволни услови за плаќање. Овие производи се поддржани од страна на Европскиот Инвестициски Фонд преку Програмата за Вработување и Социјална Иновација, и тоа преку преземање на дел од кредитниот ризик од овие изложености“, изјави Претседателот на Управен Одбор на Банката г-дин Игор Димитров.

Дополнителни информации:

Програма на Европската унија за вработување и социјална иновација
Под оваа програма, Европската комисија поддржува микрофинансирање и финансирање на социјално претприемништво со вкупна вредност од 193 милиони евра за периодот 2014-2020 година. Целта е да се зголеми пристапот до микрофинансирање, односно кредити до 25.000 евра, наменети за ранливите категории на граѓани и микро претпријатијата. Покрај тоа, за прв пат, Европската комисија исто така ги поддржува и социјалните претпријатија преку инвестиции во вредност до 500.000 евра. Поддршката за микрофинансирање и социјално претприемништво се спроведува преку EaSI гарантната шема, што им овозможува на давателите на микрокредити и на инвеститорите во социјално претприемништво да се обратат до претприемачи и компании кои во спротивно заради постоење на одреден ризик не би биле во можност до поширок пристап на финансии. 
Европската комисија го избра ЕИФ за спроведување на EaSI гарантната шема - https://www.eif.org/what_we_do/microfinance/easi/easi-funded-instrument/index.htm. 

За Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ)
Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европската Инвестициска Банка. Главната мисија на фондот е да ги поддржува микро, малите и средните компании во Европа помагајќи им до полесен пристап на финансии. ЕИФ дизајнира и развива различни модели на финансиски инструменти, како што се инструменти за финансирање на ризичен капитал или капитал за раст, гарантни шеми и други микрофинансиски инструменти кои конкретно го таргетираат овој сегмент на пазарот. Во оваа улога, ЕИФ ги поттикнува целите на ЕУ за поддршка на иновациите, истражувањето и развојот, претприемништво, раст и вработување. https://www.eif.org/

За Силк Роуд Банка АД Скопје
Силк Роуд Банка е поранешна Алфа Банка АД Скопје, која беше целосно преземена од страна на швајцарската холдинг компанија, Силк Роуд Капитал, во месец мај 2016 година. Банката е основана во 1993 година под името Кредитна банка АД Скопје како една од првите приватни банки во Македонија. Пресвртот на Силк Роуд Банка, кој започна во мај 2016 година беше исполнет со многу предизвици и очекувања. Силк Роуд Банка АД Скопје продолжува со стратегијата на раст и експанзија и во иднина ќе продолжи со својата веќе докажана деловна стратегија на креирање на производи и услуги согласно потребите и барањата на клиентите, стратегија ориентирана кон новите текови на банкарско работење, подобрување на постојните производи и воведување иновации, при тоа потврдувајќи го своето реноме на модерна и динамична eвропска банка, следејќи ги трендовите и побарувањата на пазарот и потребите на клиентите.



За сите детали можете да се обратите во експозитурите на Банката (линк) и Службата за корпоративно работење на тел: +389 2 3289 553

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.