ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД ДО 31.12.2017 ГОДИНА
 
 
Cтанбен кредит - Ваш дом, ваши навики!
 
 
Опуштете се со Ваш нов, сопствен дом! Аплицирајте за Welcome станбениот кредит и добијте средства во износ од 5.000 до 150.000 евра. Искористете го овој кредит при купување нов стан или куќа, при реновирање, за купување градежни материјали, како и за рефинансирање станбени кредити од други банки.
 
 
Каматна стапка:
 

 

 
      Кредити во ЕУР
 
      за клиенти со плата во Силк Роуд Банка АД Скопје
  •         ЕУР 2.90% - фиксна каматна стапка за првите три години

     Променлива каматна стапка за останатиот период:

  • ЕУР 5.85% (СВТ 5.31 %)
         За други клиенти
  • ЕУР 5.70% - фиксна каматна стапка за првата година
 
             Променлива каматна стапка за останатиот период:
  • ЕУР 7,50% (СВТ 7,60*) - за останати клиенти
  • ЕУР 5,90% - фиксна каматна стапка за првите три години
             Променлива каматна стапка за останатиот период:
  • ЕУР 7,50% (СВТ 7,34*) - за останати клиенти
         Кредити во МКД
 
      За купување на живеалиште или купување на живеалиште во изградба, за изградба, реконструкција, проширување, реновирање на било каков недвижен имот (стан,куќа, урбано земјиште)
  • МКД 3.90% - фиксна каматна стапка за првите три години
      Променлива каматна стапка за останатиот период:
  • МКД 5,35% Референтна каматна стапка плус 2,10% спред, минимум 5,00% - за приматели на плата
  • МКД 8% Референтна каматна стапка плус 4,75% спред, минимум 6,00% - за други клиенти
      За купување на земјиште и превземање на изложеност (рефинансирање на станбени кредити)
 
  • МКД 4.90% - фиксна непроменлива каматна стапка за првите три години
      Променлива каматна стапка за останатиот период:
  • МКД 6,35% Референтна каматна стапка плус 3,10% спред, минимум 6,00%- за приматели на плата
  • МКД 9% Референтна каматна стапка плус 5,75% спред (СВТ 8,72%), минимум 7,00%- за други клиенти
Износ:
  • Минимален износ ЕУР 5.000/МКД 300.000 
  • Максимум ЕУР 150.000/МКД 9.000.000
Корисници:
  • Физички лица - државјани на РМ
  • Старосна граница од 20 до 70 год. (возраст до 70 год. при доспевање на последниот ануитет од кредитот)
Критериум:
  • Кредитобарателот да биде во редовен работен однос минимум 12 месеци или да биде пензионер
  • Учеството на вкупните месечни задолжувања во вкупните месечни примања да изнесува најмногу 50% за денарски кредити и најмногу 47% за девизни кредити
Кокредитобарател-и/жирант:
  • Ако не е исполнет критериумот за месечен ануитет во однос на приходите и/или возраста
  • Само членови на фамилијата (прво и второ колено)
  • Максимум два кокредитобаратели/еден жирант
Приходите и возраста на кокредитобарателите/жирантот ќе се земаат во предвид при исполнување на кредитните критериуми.
 
 
Рок:
Од 60 до 360 месеци/од 5 до 30 години
 
 
Сопствено учество:
  • Минимум 20%
  • Минимум 15% за купување од градежни компании прифатливи за Банката и со кои Банката има склучено договор за соработка.



Грејс период:
  • до 12 месеци (со плаќање на камата)
  • За времетраење на грејс периодот кредитот не може предвремено да се ликвидира.


Намена:

  • Стекнување/изградба на прво живеалиште
  • Стекнување/изградба на живеалиште од други причини (т.е. второ живеалиште, инвестициски причини)
  • Реновирање/консолидација/реконструкција/
    комплетирање/проширување на недвижен имот
  • Стекнување на земјиште
  • Пренос на салдо (рефинансирање на станбени кредити од други банки)
  • Купување на деловен простор.
Купување на стоки или материјали кои се поврзани со изградбата (на пример, плочки, кујнски апарати, галантерија за бањи, мебел, врати, клима уреди, итн.) се финансира преку потрошувачки кредит и се вклучува во пресметката на коефициентот на задолженост.
 
 
Трошоци:
  • 0% - провизија за администрирање на кредит
  • 0,00% - провизија за администрирање на кредит (за рефинансирање кредити од други банки)
  • 0 МКД - апликативни трошоци
  • Без трошоци за процена
  • Трошоци за запишување на хипотека и осигурување на имотот
  • Трошоци за меница
  • Нотарски трошоци

Исплата:

 
Намена на кредитот
Начин
Кредитот се исплаќа на
Купување
Еднократно
Продавачот
Градба/доградба
Повеќекратно
Кредитобарател или изведувач на работите
Адаптација/реновирање
Повеќекратно
Кредитобарател или изведувач на работите
Рефинансирање на кредит од друга банка
Еднократно
Банка каде што се користи кредитот

 

Кредитот за недвижности во градба/доградба/адаптација
реновирање треба да биде исплатен во рамките на една година.
 
Начин на отплата:
Месечен ануитет
 
Предвремена отплата:
 
- За приматели на плата (станбени кредити во ЕУР и МКД) и неприматели на плата (станбени кредити во МКД)
  • за првите 3 години
- 3% доколку отплатата е со сопствени средства
- 5% доколку кредитот се рефинансира со кредит од друга банка
 
  • за останатиот период
0% доколку отплатата е со сопствени средства
5% доколку кредитот се рефинансира со кредит од друга банка
 
 
 
- За неприматели на плата (станбени кредити во ЕУР)
 
0% доколку кредитот е отплатен со сопствени средства
3% доколку кредитот е рефинансиран од друга банка
 
 
Обезбедување:
  • Хипотека од прв ред (може и од втор и трет ред само под услов Силк Роуд Банка АД Скопје да е единствен хипотекарен доверител) на имотот кој се купува или друг имот во сопственост на кредитобарателот или кокредитобарателот/жирантот (прифатливи категории: станбени објекти во урбани средини - станови, куќи итн., станбени објекти во рурални средини - викендици, деловен простор итн.)и имот со пред имотен лист ( лист за предбележување) за кредити до ЕУР 15.000
  • Меница и менична изјава потпишана од кредитобарателите/жирантите
  • Административна забрана се предвидува ако е прифатлива за сите страни (компанија - банка - кредитобарател/кокредитобарател/жирант)
Банката го задржува правото да го прифати или да не го прифати понудениот имот како обезбедување.
 
Осигурување
  • Осигурителна полиса за осигурување на недвижнината (градежниот објект) од основни ризици
  • Осигурување на имотот за времетраење на кредитот
Поврзани производи:
Visa Electron Point- со отворање на трансакциска сметка
Enter American Express - со отворање на трансакциска сметка
American Express кредитна картичка, согласно кредитната политика.
Пасивно електронско/мобилно банкартство
 
Доказ за намената:
 
За да се докаже дека средствата се наменски употребени, во рок од 6 месеци од исплатата на средствата, клиентот треба да ги приложи следниве документи:
  • Имотен лист на име на кредитобарателот, или
  • Договор верификуван на Нотар (солемнизација - нотарски акт) при купопродажба на имот
 
 
* СВТ е пресметана за кредит на износ од ЕУР 150.000 и 360 месеци рок на отплата при што за првите години е земена предвид фиксната каматна стапка, а за наредните години променливата каматна стапка согласно класификацијата на клиентот.
 
** СВТ е пресметана за кредит на износ од МКД 9.000.000 и 360 месеци рок на отплата.

За повеќе информации повелете во најблиската експозитура.
 
 
 
Банката го задржува правото да го одбие барањето на подносителот на апликацијата.
 
Банката го задржува правото да ги менува условите без претходна најава.